изработката на овој вебсајт е финансирана од:
Кликнете за да пратите e-mail
 
Programa
e - Книга
 
ПАДНАТИ АНГЕЛИ,
Трејси Шевалие
БАДЕМ,
Неџма
СВИТОКОТ ОД МАСАДА,
П. Блок - Р. Воган
ПАРФЕМ,
Патрик Зиксинд
ПРАВИЛОТО НА ЧЕТВОРКАТА,
Ј. Колдвел - Д. Томасон
ОМРАЗА ДЛАБОКО,
Драгица Најчевска
НАЈГОЛЕМИОТ УСПЕХ НА СВЕТОТ,
Ог Мандино
АЛЕКСАНДАР,
В. M. Манфреди
ПРИНЦЕЗАТА СУЛТАНА,
Џин Сафен
ПРИКАЗНАТА ЗА МУРАСАКИ,
Лајза Делби
 
ЖЕНА ВО ЦРВЕНО,
ЕЈЛИН ГОУЏ
ШМИЗЛА,
Сашо Тасевски
П.С. те сакам,
Сесилија Ахерн
БРУКЛИНСКИ БУДАЛАШТИНИ,
Пол Остер
ВЕНЧАВКА СО БУДА,
Веј Хиј
ИСЧЕЗНАТ,
Даниела Стил
ВОДА ЗА СЛОНОВИ,
Сара Груен
ПО ПАТОТ НА НАДЕЖТА И ГОЛЕМАТА ИЛУЗИЈА,
Корнелија Мракова - Пејовска
МОЈОТ ПИКАСО,
Виолета Танчева - Златева
МЕТАФИЗИКА НА ВРВОТ,
Ферид Мухиќ

 
Европски библиотеки

Виртуелна библиотека на Словенија
Виртуелна библиотека на Србија
Виртуелна библиотека на Црна Гора
Виртуелна библиотека на Босна и Херцеговина
Виртуелна библиотека на Македонија

Градска библиотека Београд

 

6/15/2009 | ДОДЕЛУВАЊЕ ДИПЛОМИ
На 15 јуни 2009 година во 13 часот во просториите на библиотеката „Другарче“, свечено ќе бидат
доделени дипломите на учениците што го посетуваа курсот по англиски јазик. Курсот како една
од формите на работа на библиотеката „Браќа Миладиновци“ опстојува веќе 45 години.
    Во учебната 2008/09 година, курсот го посетуваа и успешно го завршија 80 ученици од основните
училишта во градот, поделени во пет степени според нивната возраст.
    Наставата се одржуваше од 15.09.2008 година до 10.06.2009 година според однапред
изготвен план и програма.
    Во новата учебна 2009/10 година курсот ќе започне со работа на 14 септември 2009 година.

6/12/2009 | БИБЛИОТЕКА „ДРУГАРЧЕ“- ЗАВРШНА ПРИРЕДБА
На 12.06.2009 година во 12 часот во игралната при библиотеката „Другарче“ ќе се одржи завршна приредба.
Учество ќе земат сите деца со пригодни содржини. Гости на приредбата ќе бидат нивните родители,
роднини, пријатели и други.
    Како и секоја година, така и оваа секое дете ќе добие по една сликовница, како спомен од
дружењето во игралната при нашата библиотека.
            

5/18/2009 | ИЗЛОЖБА

 Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ и Културно информативниот центар на Р.Бугарија во Скопје имаат чест да ве поканат на изложба на документи со наслов СВЕТЛИНА избор на документи од Бугарските масонски архиви, со посебен акцент на македонските дејци и револуционери. Изложбата ќе ја отворат м-р Филип Петровски, директор на Градската библиотека и Спас Ташев директор на Културно информативен центар на Р.Бугарија во Скопје. Изложбата ќе се одржи во просториите на библиотеката на 28 Мај (четврток) 2009 год. во 19 00 часот.

5/14/2009 | Проект

Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје и невладината организација НГО „Јасон“ - Лариса долго време соработуваат така што оваа соработка резултира со голем број завршени курсеви, дипломи, награди за учесниците од страна на „Јасон“. Како континуитет на оваа соработка следува проектот за професионална обука од основните и средни училишта на Град Скопје од областа на компјутерските програми и изучување на Грчки јазик кои се донација од страна на „Јасон“. Овој проект ќе се реализира со севкупен фонд од 200 часа за секоја програма. Првиот дел од обуката ќе биде реализиран со траење  од 2 месеца. Секој учесник покрај диплома добива и награда со цел да се мотивираат посетителите и да им се даде можност за напредок во кариерата.

Проектот ќе се реализира во просториите на Градската библиотека во период од 25 05 2009 до мај 2010 година. Пријавите за учество во овие курсеви може да се достават до пријавницата на библиотеката или во Грчкото катче.

4/30/2009 | ПРОМОЦИЈА НА КНИГА

Градската библиотека „Браќа Миладиновци“во Скопје Ве поканува на промоција на книгата МАКЕДОНСКИТЕ ДРЕВНИ КОВАНИ ПАРИ од Ангелина Маркус. Промоцијата ќе се одржи во просториите на Библиотеката чиј промотор ќе биде Филип Петровски, директор на Градската библиотека.

6 Мај (среда) 2009 година во 12 00 часот.

4/30/2009 | НОВИ НАСЛОВИ

Нови книги донирани од влада на РМ кои претставуваат преводи на стручна литература од автори на признати светски универзитети ќе бидат изложени во холот на Градската библиотека секој ден од 13 00 - 15 00 часот.

4/21/2009 | ПРОМОТИВНИ ЦЕНИ

По повод светскиот ден на книгата 23 април Градската библиотека „ Браќа Миладиновци “ во Скопје нуди зачленување по промотивни цени од 21 - 25 април 2009 година. Зачленувањето за возрасни е 150 денари а за деца 50 ден.

3/23/2009 | ПРОМОЦИЈА НА КНИГА
Градската библиотека „ Браќа Миладиновци “ - Скопје Ве поканува на промоција на книгата ПРЕТПОСТАВЕНО СОГЛЕДУВАЊЕ од Ангелина Маркус. Промотор ќе биде Михаил Ренџов а извадоци од делото ќе чита Никола Бомбас.
Промоцијата ќе се одржи во просториите на Библиотеката на 24 март (вторник) 2009 година во 13 00 часот.

3/16/2009 | ЧИТАТЕЛ РЕКОРДЕР

На 18 Март 2009 година во 12 часот, во просториите на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“, Скопје, ќе се одржи прогласување на читатели рекордери за 2008 година. По тој повод Градската библиотека „Браќа Миладиновци“, на  најдобрите и најверните читатели ќе им подели книги, бесплатни членски карти, благодарници, како и е-книги од изданијата на нашата библиотека.

3/10/2009 | ПРОМОЦИЈА

Францускиот културен центар од Скопје и Градската библиотека „ Браќа Миладиновци “ имаат чест да ве поканат на Промоција на стихозбирката на Цвета Тодорова „ ЦВЕЌЕ НА СРЕЌАТА “.
Професорката по француски јазик и поетеса, Цвета Тодорова ја објавува својата втора стихозбирка на француски јазик. Учество ќе земат : Георги Сталев, Сузана Тодоровска, Катерина Конеска и Кристина Џепароска.
Промоцијата ќе се одржи во библиотеката на 11 март (среда) 2009 год. во 13 00 часот.

Кликнете тука за архива на активности



За библиотеката | Историјат | Македонска виртуелна библиотека
Правилник на библиотеката | Контакти