|
Во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје на ден 17 февруари 2012 година (петок) во 12 часот ќе се одржи манифестацијата „Читатели рекордери за 2011 год.“ и „Млади библиотекари“. Градската библиотека ги поканува сите членови да ја посетуваат библиотеката и да позајмуваат книги. Со тоа стекнуваат можност да бидат читаетли рекордери за 2012 година.
Секој член во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ има можност да биде читател рекордер. Библиотеката, за најредовните читатели и за оние кои прочитале најмногу книги во текот на годината, доделува награди: бесплатно годишно членство, колекција книги и благодарница.
Натпреварот за Млади библиотекари се спроведува секоја година во месец октомври. Учествуваат ученици од сите основни училишта во Скопје и оние кои ќе освојат најмногу поени, се стекнуваат со право на учество на републичкиот натпревар. |
|
Детскиот културен центар „Ѕвезда“ |
|
|
|
|
Од 01.02.2011 во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“, Скопје, Библиотека „Другарче“, ќе почне да работи Детскиот културен центар „Ѕвезда“, за деца од 6 до 14 години.
Децата ќе имаат можност за актерско, сликарско и музичко дообразование во студијата на центарот, а во исто време ќе бидат дел од годишните изложби, промоции, престави, гостувања, предавања, работилници и слуично. Уписите ќе траат до 15.02.2012 година, секој ден од 15 до 20 часот во просториите на Библиотеката „Другарче“ или на телефоните 071/486-635, 075/690-991 и 071/297-172.
Првите пет пријавени добиваат гратис годишна членарина во Библиотеката.
За членовите на Библиотеката важи попуст од 20% за членување.
|
|
КОРИСТЕЊЕ НА НОЌНАТА ЧИТАЛНА
УСЛУГАТА Е НАМЕНЕТА САМО ЗА ЧЛЕНОВИ НА БИБЛИОТЕКАТА. ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ЧИТАЛНАТА ОД 20.00 до 06.00 ч.
ПОТРЕБНО Е ПРЕТХОДНО ДА СЕ ПРИЈАВИТЕ ВО СПРОТИВНО НЕМА ДА МОЖЕТЕ ДА ЈА КОРИСТИТЕ НОЌНАТА ЧИТАЛНА. ПРИЈАВУВАЊЕТО Е ОД ПОНЕДЕЛНИК до ПЕТОК од 9.00 до 15.30 ч.
- ЛИЧНО ВО ПРИЈАВНИЦА
- ПО ТЕЛЕФОН НА БРОЈ 3162544
ПРИЈАВИТЕ СЕ ПРИМААТ САМО ЗА ИСТИОТ ДЕН. РЕЗЕРВАЦИИ ЗА НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ НЕ СЕ ПРИМААТ.
ПРИ ВЛЕГУВАЊЕ ВО БИБЛИОТЕКАТА КОРИСНИКОТ Е ДОЛЖЕН ДА ЈА НОСИ ЧЛЕНСКАТА КАРТА И ЛИЧНА КАРТА.
ДОКУМЕНТИТЕ ГИ ОСТАВА ВО ПРИЈАВНИЦА. ЛИЧНАТА КАРТА СЕ ЗАДРЖУВА ЗА ВРЕМЕ НА КОРИСТЕЊЕ НА НОЌНАТА ЧИТАЛНА.
ОД УПРАВАТА |
|
Во библиотеката „Другарче“ при Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје
се одржува
Свечена новогодишна приредба
Почитувани родители и драги најмили другарчиња, на 29.12.2011 година во 12 часот, во Игралната на библиотеката „Другарче“, во населбата Карпош 3, по триесет и први пат ќе се одржи свечена новогодишна приредба. На неа ќе земат учество децата од игралната, а гости ќе бидат нивните родители и роднини. Неизбежен и секако најважен гостин ќе биде Дедо Мраз, кој ќе се дружи со најмладите кои ќе играат и пеат со него.
По тој повод Дедо Мраз ќе им подари пакетчиња, а за спомен секое детенце ќе се слика со Дедо Мраз пред новогодишната елка.
На крајот од приредбата сите ќе си посакаме среќна и весела Нова година, а Дедо Мраз ќе го испратиме со песна.
ПОСЕТЕТЕ ЈА НАШАТА ИГРАЛНА И ВИЕ СТАНЕТЕ НАШИ ДРУГАРЧИЊА. |
|
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 Следно > Крај >>
|
|
Страница 1 од 4 |