Мисија и визијаeКнигаПромоции и критики Културно наследство Поети и писатели почетници Издавачи Библиобус

Влијанието на телевизијата врз развојот на децата PDF Печати Е-пошта

Во кино салата на Библиотеката "Другарче", на 18.05.2012 (Петок) во 10:00 часот, ќе се одржи предавање на тема:

"Влијанието на телевизијата врз развојот на децата со посебен осврт на актуелната состојба со Телевизиите во Македонија" кое е во организација на " КАТ" Продукција - Детски Креативен Центар "Ѕвезда'', која работи во просториите на Библиотеката "Другарче".

Педагог на основното училиште "Лазо Трповски" од Скопје, Рената Поповска- која е воедно и долгогодишен телевизиски работник, заедно со уредничката на телевизиски програми за деца во Македонска Телевизија Фатмира Челико, ќе имаат излагање на дадената тема.

Носител на проектот е Мр.Татјана Гогоска, која е магистер по комуникации со дваесет и пет годишно искуство во областа на телевизиската продукција.

Самото предавање ќе го збогатат присуството на педагози, психолози, наставници, директори од основните училишта и градинките од општина Карпош. Преставници на Совети на родители, граѓани, родители, медиуми и сите оние кои сметаат дека теба да се надмине и актуелизира позасиленото негативно влијание на телевизиските програми врз децата во Македонија.

Исто така можете да го посетите сајтот www.katprodukcija.com.mk , каде ќе најдете доста интересни информации за нивните активности.

 
ЕВРОПСКИ ХОРИЗОНТИ НА ДЕЛОТО НА СВ. СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ PDF Печати Е-пошта

Амбасадата на Р.Бугарија, Културно - информативниот центар на Република Бугарија во Република Македонија и Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје со задоволство Ве покануваат на отварањето на изложбата ЕВРОПСКИ ХОРИЗОНТИ НА ДЕЛОТО НА СВ.СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ на 10 мај 2012 год.(четврток) во 18 часот во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“.

Изложбата е подржана од Кирило-Методиевиот центар при Бугарската академија на науките.

 
Литературен конкурс PDF Печати Е-пошта

На 4 Мај (Петок) Централната библиотеката "Цветан Димов" која функционира во состав со Градската библкиотека "Браќа Миладиновци", во 13h во општината Чаир ве поканува на вистинско литературно уживање. Заедно да го проследиме литературниот конкурс на тема " Veprimtaria e vëllezërve Frashëri " на Албански јазик.

По повод истакнатиот Албански писател Наим Фрашери, кој е важна  личност во книжевната литература од 19 век. Литературниот конкурсот истотака  ќе доделува награди за прво, второ и третто место на учесниците.

 
ПРОМОЦИЈА НА КНИГА PDF Печати Е-пошта

Во Градската библиотека „ Браќа Миладиновци “ во Скопје на ден 24 април 2012 година (вторник) ќе се одржи промоција на книгата А Обдукција на теоријата, том 1 : Жива семиотика од Венко Андоновски. Добитник е на наградата „Димитар Митрев“ за критика и есеј на ДПМ за 2011 година.

Промотор: проф.д-р Кристина Николовска

Актерска интерпретација: Арна Шијак

 

 

 

 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 Следно > Крај >>

Страница 1 од 8

Мудрите за книгата

„Во животот не чекајте да помине олујата, научете се да играте и на дождот.“