63 години постоење Градска библиотека „ Браќа Миладиновци “- СкопјеДенови на бесплатно членство од 17 до 20 ноември 2008 година.
17.11.2008 | ИЗЛОЖБА
Амбасадатана Украина во Р. Македонија , Градската библиотека „Браќа Миладиновци” и Здружението на Украинците во РМ „Лесја Украинка” имаат чест и задоволство да Ве поканат на изложба на плакати посветени на 75-годишнината од Поморот од глад 1932-1933 год. во Украинана 18 ноември ( вторник ) 2008 год. во 12.00часот, во просториите на библиотеката.Изложбата ќе ја отворат НЕ г. Виталиј Москаленко, Амбасадор на Украина во РМ и директор на Градската библиотека г. Филип Петровски.
Во рамките на настанот ќе биде промовиран романот„Жолтиот кнез” од Васил Барка на македонски јазикво издание на „Матица Македонска“.
12.11.2008 | ГОДИШНИНА
Градската библиотека „ Браќа Миладиновци “- Скопје Ве поканува на ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ШЕЕСЕТ И ТРИ ГОДИНИ од постоењето на библиотеката.
Поздравен говор ќе одржи директорот на Градска библиотека Г-дин Филип Петровски потоа ќе следи видео презентација, доделување на благодарници, музичка точка и „ Компарации “ Изложба на стари книги и електронски изданија. Годишнината ќе се одржи во просториите на Библиотеката на 14 ноември (петок) 2008 г. во 19:00 часот.
10.11.2008 | ПРОМОЦИЈА
Промоција на Локална стратегија и Акционен план за дроги на Град Скопје (превенција, лекување, рехабилитација и ресоцијализација, намалување на штети и градска безбедност)
која ќе се одржи на 12.11.2008 година (среда), во Градската библиотека “Браќа Миладиновци”, Скопје, со почеток во 11:00 часот. На промоцијата ќе бидат презентирани реализираните активности од работата на Координативното тело за дроги на Град Скопје и изготвената Локална стратегија и Акционен план за справување со проблемот на дрогата во градот. На промоцијата ќе се обратат: Градоначалникот на Град Скопје – Трифун Костовски; Директорот на Градската библиотека “Браќа Миладиновци” – Филип Петровски; Координаторот на КТД – Елеонора П. Николовска и раководителите на работните групи при Координативното тело за дроги на Град Скопје.
Промоцијата ќе ја води: Христијан Јанкулоски – Македонска мрежа за намалување на штети (ММНШ).
Прогр
10.11.2008 | ПРОМОЦИЈА
Промоција на Локална стратегија
и Акционен план за дроги на Град Скопје (превенција, лекување,
рехабилитација и ресоцијализација, намалување на штети и градска
безбедност)
која
ќе се одржи на 12.11.2008 година (среда), во Градската библиотека
“Браќа Миладиновци”, Скопје, со почеток во 11:00 часот. На промоцијата
ќе бидат презентирани реализираните активности од работата на
Координативното тело за дроги на Град Скопје и изготвената Локална
стратегија и Акционен план за справување со проблемот на дрогата во
градот. На промоцијата ќе се обратат: Градоначалникот на Град Скопје –
Трифун Костовски; Директорот на Градската библиотека “Браќа
Миладиновци” – Филип Петровски; Координаторот на КТД – Елеонора П.
Николовска и раководителите на работните групи при Координативното тело
за дроги на Град Скопје.
Промоцијата ќе ја води: Христијан Јанкулоски – Македонска мрежа за намалување на штети (ММНШ).
27.10.2008 | Промоција на книга
Градската библиотека „ Браќа Миладиновци “ Скопје
Ве поканува на Промоција на книгата „СОЦИОЛОШКИ ОГЛЕДИ“ од проф. Д-р Илија Ацески.
Промотори ќе бидат :
Проф.д-р Ѓорѓе Младеновски
Проф.д-р Зоран Матевски
Промоцијата ќе се одржи во просториите на Библиотеката на 30 октомври (четврток) 2008 г. во 13 00 часот.
Бул.„ Партизански одреди“ бр.22 1000 Скопје, Македонија
20.10.2008 | Промоција на книга
Градската
библиотека „ Браќа Миладиновци “ Скопје Ве поканува на Промоција на книгата
ФИЛИП ВТОРИ МАКЕДОНЕЦОТ од Ангелина Маркус, Ристо Поповски и промотор Васил
Иљов.
Промоцијата
ќе се одржи во просториите на Библиотеката на 21 октомври (вторник) 2008 г. во
13 00 часот.
14.10.2008 | СРЕДБИ СО ГОРЈАН ПЕТРЕСКИ
Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ Ве поканува на
„ЛИТЕРАТУРНО ПЛАДНЕ СО ГОРЈАН ПЕТРЕСКИ“
Учество на средбата ќе имаат ученици од ОУ„Димитар
Миладинов“ и од други основни училишта од Градот Скопје.
Средбата
ќе се одржи во просториите на библиотека „Страшо Пинџур“ на 14 октомври
(вторник) во 13 часот
Бул.„11 Октомври“ бр.25 Скопје
Средби со Горјан Петрески
15.10.2008 почеток 12:00 часот, библиотека „Марко Цепенков“ нас. Зелениково
16.10.2008 почеток 10.30 часот библиотека„ М.А.Ченто“нас Центар
16.10.2008
почеток 12:00
часот библиотека „Стале Попов“нас. Центар
20.10.2008
почеток 13:00 часот библиотека „Јане Сандански“нас. Аеродром
27.10.2008
почеток 10.30 часот библиотека „13ти-Ноември“нас. К.Вода
27.10.2008 почеток 12:00
часот библиотека „Ј.Х.К.-Џинот“нас. Драчево
29.10.2008почеток 13.00 часот
библиотека „К. Пејчиновиќ“нас. Вардар
09.10.2008 | ПРОМОЦИЈА
Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ и Културен центар „СКРБ И
УТЕХА-ТИХА“
Ве канат на промоција на романот „Линија на душата“ од Тихомир Стојановски во
издание на едицијата „Лицеум“ при КЦ „Скрб и утеха -Тиха“.
-промотор проф. Петре Башески
-делови од романот кажува актерот Страшко Милошевски
Воедно ќе биде промовиран и филмот „Како свеќа“ од Тихомир Стојановски во продукцијата
„Дион“ и ТВ „Сонце“. Вовед Тихомир Стојановски.
Промоцијата ќе се оддржи вопросториите на Градска
библиотека „Браќа Миладиновци“ на 9 октомври (четврток) во 20 часот.
23.09.2008 | БЕЛА НОЌ 2008
Градската библиотека „ Браќа Миладиновци“ на 27
септември 2008 год. Ве поканува на БЕЛА НОЌ 2008 со следната програма :
19:00 часот Свечено отворање на реновираниот оддел
за белетристика и одделот за научна литература.
20:00 часот Промоција на книгата „Александар
Македонски во науката и во свеста на потомците“ приредила Светлана Христова
Јоциќ а промотор ќе биде Љубинка Басотова.
20:45 Концерт во организација на „Квинтесенца“.
21:30 „Акција за вентилација“ изложба на
фотографии од Кирил Шентевски и Фото изложба на стикер арт од Марко Ефремов.